За Унгарија

Унгарија е една од најважните туристички дестинации во Централна и Источна Европа, со повеќе од 13 милиони посетители годишно. Зафаќа површина од 93.028 км², има 9.874.784 жители, а главен и најголем град е Будимпешта. Официјален јазик е унгарски.

Граничи со Словачка, Украина, Романија, Србија, Хрватска, Словенија и Австрија. Унгарија го има најголемиот систем на термални извори и второто по големина во светот, езеро со термална вода Хевиз (Hévíz), најголемото езеро во Централна Европа, Балатон (Balaton) и најголемата степска област во Европа, Хортобаѓ (Hortobágy). Знамето на Унгарија е со три хоризонтални полиња во црвена, бела и зелена боја. Официјалната валута на Унгарија, Форинт (Forint), се користи од 1946 година.

Земјата е членка на Европската унија, НАТО, ОЕЦД, Светска банка и ООН, членка на Шенген-зоната, како и еден од основачите на Вишеградската четворка.

Унгарскиот политички систем е парламентарна демократија. Претседател на Република Унгарија е Јанош Адер (János Áder), а премиер на Унгарија е Виктор Орбан (Viktor Orbán) од 2010 година.
Врховно законодавно тело е Парламентот. Највисока извршна власт е владата, додека судската власт ја вршат судовите.

Односите меѓу Република Северна Македонија и Унгарија се беспрекорни. Листата на потпишани меѓудржавни договори може да се види на веб страната:

https://www.mfa.gov.mk/mk/page/176/bilateralni-odnosi-so-republika-ungarija