Огромен унгарски економски успех во Кина
Акционерското друштво (Zrt.) ЕПС Глобал, успешно ја заокружи аквизицијата на својот нов кинески проект, имено веќе во три кинески градови се создадени услови да во унгарско-кинеска копродукција се имплементира паметен систем за паркирање развиен во Унгарија. Новиот проект е во градот Жангијаку (Zhangjiakou), едeн од најистакнатите места за одржување на Зимските олимписки игри Пекинг во 2022 година.
Трансакцијата е менаџирана од приватниот инвестициски фонд за поддршка на извозот EXIM, со која управуваат најголемата независна компанија за управување со ризични капитални фондови GB & Partners, во тесна соработка со стручниот тим на EPS. Целта е да се изгради паметен систем за паркирање во градот Жангијаку од сопствени извори на финансирање и потоа да се експлоатира истата во следните триесет години. Жангијаку се граничи со Пекинг и има 4,65 милиони жители. Градот е еден од најважните локации во организирањето на следните Зимски олимписки игри, каде се планирани натпревари во скијање и сноуборд.
Целта на проектот е интегрирање на 25.000 јавни (улични) места за паркирање во центарот на градот, како и на сите останати капацитети за паркирање во катните и подземните гаражи во еден единствен паметен систем. Како резултат, паметниот систем ќе ги има податоците за сите места за паркирање, така што возачите можат да ги видат слободните места за паркирање преку мобилна апликација и интелигентните табли за управување со сообраќајот. Мобилната апликација покрај многу други функции, ќе обезбедува и услуга за навигација: на пример, патниците ќе ги насочува кон слободен простор за паркирање најблиску до нивната дестинација.
Надоместоците за паркирање и сите заостанати долгови ќе се подмируваат само по електронски пат. Наспроти досегашната практика за наплата во Унгарија, „честитката“ за возачите кои заборавија да иницираат плаќање, ќе биде само известување дека контролорите на паркирањето иницирале наплата на таксата за паркирање наместо нив. Ова ја прави наплатата на заборавената такса за паркирање многу поевтина и воедно многу поедноставна. И кога возачот започнува да ја плаќа таксата за паркирање, но заборави да ја запре, системот автоматски го известува возачот. Така, таксата за паркирање ја исполнува својата функција за контрола на сообраќајот, но во исто време ги зема во предвид и интересите на автомобилистот.