За ХЕПА Балкан

Претставништвото на ХЕПА за Западен Балкан е отворено во 2019 година со цел да се унапреди унгарската трговија и да се направи диверзификација на меѓународните економски односи на Унгарија. Нашата главна задача е да го промовираме извозот на унгарски производи, услуги и капитал.

Нашето претставништво се наоѓа во Белград со партнерски канцеларии во Скопје и Подгорица.

Балканската канцеларија ХЕПА работи во Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Заедно со седиштето на ХЕПА во Будимпешта, им помагаме на малите и средни претпријатија и претприемачи од Унгарија да влезат на пазарот на Западен Балкан.

Нашата цел е да ги направиме унгарските производи достапни и препознатливи и во нашиот регион.