Сектори
Земјоделска индустрија
Унгарските фабрики за земјоделски машини главно произведуваат разни машини за обработка на земјата и заштита на растенијата и делови и адаптери за машини за берба, што игра суштинска улога во извозните активности.
Иако машините произведени во Унгарија сочинуваат само околу 13-14 проценти од вкупната понуда на земјоделски машини на домашниот пазар, според податоците објавени од трговското здружение (MEGOSZ), дури 80% од земјоделските машини произведени во Унгарија се продаваат на извозните пазари.
Унгарија има релативно силна позиција на глобалниот пазар на семенски материјали, поради поволните климатски услови, силните традиции, технологијата без ГМО, високо квалификуваните експерти и континуираната иновација.
Градежна индустрија и заштита на животната средина
Градежна индустрија
Унгарците се горди на својата креативност. Тие се среќни што постои долг список на иновации што се поврзани со унгарски научници и пронаоѓачи. Истото важи и за резултатите постигнати во градежната индустрија.
Транспарентниот бетон и стаклениот бетон се здобија со големо меѓународно признание, но пластичните табли за шалување за повеќекратна употреба е исто така унгарски изум.
Во моментов, градежната индустрија е еден од најдинамично растечките сегменти на унгарската економија, уживајќи силна владина поддршка, која им помага на градежните компании да ги прошират своите капацитети и да ги забрзаат технолошките промени со олеснување на купувањето на новите машини.
Денес, градежната индустрија игра важна улога во извозниот сектор, бидејќи сè повеќе унгарски компании добиваат меѓународна популарност.
Заштита на животната средина
Една од најважните природни ресурси на Унгарија е водата. Унгарија е една од најбогатите земји во Европа, со површински слатки води, но и со подземни, термални води.
Во рамките на индустријата за заштита на животната средина, истакната област е производството на обновлива еколошка енергија. Во последната деценија, Унгарија посвети значителни ресурси на развојот на секторот за обновлива енергија. Најголем развој е постигнат во секторите за производство на енергија од биомаса и соларна енергија, така што денес има неколку компании кои користат најсовремени технологии за ова. Обновливите извори на енергија обезбедуваат 13-14% од унгарското производство на енергија, меѓутоа во одредени периоди и повеќе од 20% од производството на енергија е обезбедено од обновливи извори на енергија.
Во последните неколку години, многу современи технолошки решенија се применети и во другите области на индустријата за заштита на животната средина, како што се третманот на отпадни води, рециклирањето на отпад, но и комуналните услуги во населените места во земјата.
Прехранбена индустрија
Унгарската прехранбена индустрија има поволни услови, со територија од 5,3 милиони хектари, искористена за земјоделство. Ова претставува извонреден удел во ЕУ, бидејќи тоа е 60% од вкупната површина на земјата. Поради своите услови, унгарскиот земјоделски сектор традиционално зазема силна позиција, а земјата се нарекува „магацин на Европа“.
Врз основа на податоците од 2018 година, перформансите на компаниите за храна придонеле за 2,2% од БДП, што го прави трет најголем преработувачки сектор во Унгарија. Вкупно, има 5.400 компании за храна со околу 100.000 директни вработени. Унгарската прехранбена индустрија преработува 65% од целото домашно производство.
Унгарија прва во ЕУ, во уставот забрани одгледување генетски модифицирани култури. Висок квалитет, строги барања за контрола, земјоделство без ГМО и одлична експертиза се главните конкурентски предности на унгарските компании на странските пазари.
Здравствена индустрија
Здравствениот сектор е основан во Унгарија пред повеќе од 100 години и е препознатлив во целиот свет. Претприемачите кои работеле во првите децении на минатиот век се одговорни за неговата репутација, а меѓу нив бил и Гидеон Рихтер (Gedeon Rihter). Тој беше еден од првите луѓе во светот кој успешно произведуваше фармацевтски производи на индустриско ниво. Неговиот престиж беше зајакнат со патентирани лекови познати низ цела Европа и светот, како што е средството за дезинфекција Хиперол, кој се покажа многу корисен во Првата светска војна и антипиретичниот лек Калмопирин.
Меѓу унгарските медицински истражувачи, Алберт Сентѓерѓи (Albert Szent-Györgyi) е добитник на Нобеловата награда за откривање на витаминот Ц, додека Георг фон Бекеши (Georg von Békésy) ја доби Нобеловата награда за истражување на функцијата на слушниот апарат.
ИКТ индустрија
Можеби без Унгарците, ИКТ дури немало ни да постој. Унгарецот Џон фон Нојман (John von Neumann) се смета за татко на современите компјутери.
Секторот за информатичка и комуникациска технологија е клучна област во денешната економија низ Унгарија. Неговата производна вредност обезбедува 5 проценти од БДП на земјата. Повеќе од 4 проценти од активните вработени работат во областа на дигиталната економија. Количината на стоки и услуги обезбедени од секторот учествува со 13 проценти во националниот извоз на Унгарија. Континуираниот и динамичен двоцифрен годишен раст забележан во дигиталната економија далеку ја надминува стапката на раст на БДП на земјата.
Унгарскиот ИКТ сектор има клучни компетенции во неколку области и тоа, паметен град и сообраќај, управување со енергија, здравствени услуги, земјоделски, банкарски и деловни софтверски решенија, безбедносно печатење и софтверски решенија за компјутерска безбедност.
Машинство и обработка на метали
Унгарија има неколку патенти за машини од 19 век.
Да споменеме неколку:
Донат Банки (Bánki Donát) и Јанош Чонка (Csonka János) го измислија карбураторот за стационарни мотори.
Јожеф Галамб (József Galamb) не само што беше пронаоѓач на многу делови од моделот Т на Форд, туку и соработник на производната линија, што беше клучен фактор за олеснување на производствениот процес во масовното производство ширум светот.
Во Унгарија има филијали на многу светски познати компании, кои можат да ја искористат географската близина, високо развиената логистика, комуналните услуги, инфраструктурата и поволните економски и политички одлуки кои поттикнуваат натамошни инвестиции. Делумно ова е причината што унгарската автомобилска индустрија е најбрзо растечки сектор во економијата, а е водечка и во производството на врвни автомобили во Централна и Источна Европа.
Машинството претрпе квантитативни и квалитативни промени во последните неколку години.
Високо автоматизираните процеси на производство и иновативните технологии овозможуваат да обработката на метали, машините за обработка, земјоделските машини и технологијата на жито да станат многу истакнати сегменти. Сега повеќе од 90% од производството на машинските компании е насочено кон странските пазари.
Без разлика дали станува збор за уникатна конструкција или масовно производство на машини, ние имаме талент и материјал да го изградиме!