Вести 23.08.2023

Унгарија со сериозна и професионална промоција на својот извоз – и во Македонија

Непрофитната агенција ХЕПА (Унгарска агенција за промоција на извозот) формирано под чадорот на Унгарското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, покрај седиштето во Унгарија, има шест регионални претставништва во светот, во Торонто, Токио, Шангај, Москва, Истанбул и Западен Балкан, со канцеларии во Белград, Скопје и Подгорица.

Канцеларијата во Скопје е одговорна за Македонија и Косово.

Причината за формирањето е да го промовира извозот и да бара можности за инвестиции и пласман на капиталот. Им помага на унгарските компании успешно да влезат на странските пазари, нудејќи производи и услуги со највисок квалитет, применувајќи светска класа на технологии и иновации во мноштво индустриски гранки. Континуираниот раст на извозот покажува дека тие се конкурентни на глобално ниво.

Преку обука и вмрежување, ХЕПА им помага на компаниите да најдат соодветни деловни партнери на пазарите во целиот свет. ХЕПА го промовира извозниот потенцијал на унгарските компании, а со тоа им олеснува на своите партнери понатамошен извозен успех на унгарските производи, како и видливост и градење на имиџот на земјата на меѓународно ниво. ХЕПА соработува со државните и приватните економски институции, комори и локални самоуправи.

Главната цел на канцелариите на ХЕПА за Западен Балкан е да ги приближи балканските земји до Унгарија преку трговија и инвестиции, со зголемен обем на трговска размена и зголемен извоз на услуги и инвестиции (гринфилд и браунфилд). Унгарија во континуитет и дава безрезервна поддршка на Македонија, и е меѓу првите земји од земјите членки на Европската Унија, која го призна Косово.